Џафери: Интеграциите во НАТО и ЕУ и спроведувањето на Рамковниот договор остануваат приоритети

Приоритет на Владата на Република Македонија останува интегрирањето на евро-атланските структури, спроведување на Охридскиот Рамковен Договор и економскиот раст на земјата

Ви благодарам г. Претседател,

Почитувани претставници на медиумите,

Денес сум пред вас, заедно со претставниците на Демократската Унија за Интеграција во извршната власт за да ги презентирам проектите и работите кои што се направени во 100-те дена на Владата на Република Македонија.

Почитувани претставници на медиумите

Веднаш после парламентарните избори и формирањето на Владата, Демократската Унија за Интеграција, заедно со партнерите од владината коалиција пристапи кон спроведување на програмата која се состои од две изборни платформи на победничките партии на последните парламентарни избори. Во ова Програма, важно место опфаќаат и албански проекти изготвени од Демократската Унија за Интеграција и за кои сме ја побарале поддршката од албанскиот електорат. Освен започнатите проекти, каде што партиципираме ние како партија, предвидено е и реализација на многу започнати и нови проекти со кои ќе се создадат услови за забрзан економски раст како и зголемена конкурентност на економијата во земјата и надвор од неа.

За време на овие 100 дена реализирани се повеќе од 100 проекти, додека повеќе од 500 други проекти започнале со реализација. Еден дел од овие проекти се во општините каде што претежно живеат Албанци.

Дами и господа,

-Приоритет на Владата на Република Македонија останува  интегрирањето на евро-атланските структури, спроведување на Охридскиот Рамковен Договор и економскиот раст на земјата.

-Во континуитет ги продолжуваме нашите политики за да станеме дел од НАТО и Европската Унија и се ангажираме во решавање на спорот со името со соседна Грција со цел на де-блокирање на интегративниот процес.

Што се однесува до Охридскиот Договор, продолживме со нашето ангажирање за спроведување на овој мировен договор кој што претставува база за зајакнување на мултиетничкиот карактер на нашето општество, како и за напредување на односите помеѓу различните заедници и почитување на културните права. Во ова насока, за овој период се спроведувани политики кои што извираат од овој Договор. Постојано работиме во насока на подобрување на правичната и соодветна застапеност како и спроведување на други политики кои што извираат од овој мировен документ. Државните институции започнаа да изготвуваат годишни планови за правична и застапеност според новиот Закон на државни и јавни службеници.

За време на 100-те дена го продолживме нашиот ангажман во економскиот развој на земјата и подигнување на стандардот на граѓаните. Во наш фокус беше намалувањето на невработеноста и отворањето на нови работни места. Во ова насока се превземени конкретни мерки за привлекување на странски инвеститори и создадовме услови во слободните економски зони. За време на овие три месеци, инвестиравме во три економски зони и тоа во Струга, Тетово и Кичево. Некои странски компании почнале со инвестиции во овие зони, а некои други се очекува да дојдат и да инвестираат во Република Македонија, односно во овие три зони и најавиле неколку стотици вработувања: (италијанска компанија во Тетово, американска компанија во Кичево и германска компанија во Струга).

Изградба на патната инфраструктура била приоритет и во 100-те дена на оваа влада.   Продолживме со реализација на многу отпочнати проекти како и со реализација на значителен број на проекти во реконструкција и асфалтирање на регионски и локални патишта.

Изградбата на Коридорот 8 е од големо значење за развој на овој регион. Започнала реализација на најкапиталниот проектот, изградбата на автопатот Кичево – Струга - Охрид во износ од 374 милиони евра. Изградбата на овој автопат ќе го олесни движењето на граѓаните и развојот на бизнисот бидејќи овој дел се поврзува со Република Албанија.

Исто така имаше и други проекти во однос на патната инфраструктура, како:

-Продолжување со изградба на патот Опае-Белановци-Станчич.  

-регионалниот пат Липково - Арачиново

-Рехабилитација на патот во влезот во општина Кичево,

-Асфалтирање на патниот правец Ваксинце - Лојане

-Асфалтирање на патот во с. Октиси - Велешта, во општина Струга и патниот правец  Радоште - Калишта како и многу други проекти кои нема да ги спомнам за да не должам многу.

-Развојот на образованието и создавањето на условите за одвивање на воспитно-образовниот процес заземал значајно место во нашата работа.  Ние сме за високо квалитетно образование.  Започнала примената на наставната програма според Кембриџ.

Во текот на овие 100 дена завршил изградбата или се реновирани некои средни и основни училишта.  Изградени се три нови училишта:

Основно училиште во село Синичане-општина Боговиње,   

Училиштето „26 Јули„ - Шуто Оризари во Скопје, 

ОУ „Пашко Васа„ во село Мерово, општина Желино.

Реновирани се и неколку основни и средни училишта каде што наставата се одвива на албански јазик, како:

ОУ. „Наим Фрашери„, с.  Неготино, општина Врапчиште, 

ОУ. „Башкими„ во Гостивар

ОУ. „25 Мај„, во населба Ченто во Скопје. 

СУ. „Дрита„ - Кичево, паралеки во Долнени

СУ. „Ќирили Пејчиновиќ„ во Тетово, како и  

С.У. “Ибрахим Темо” - Струга

            Истовремено продолжува со работите за изградба на спортските сали, како во ДУТ, Зајаз, во Тетово и во другите албански општини.

Се подготвуваат за проекциите на универзитетскиот кампус на ДУТ во Скопје и за прв пат од државниот буџет ќе се доделат околу 30 милиони денари за Универзитетот на Југоисточна Европа.

По образованието, и културата била приоритет во нашата работа. Продолжи целосното реконструкција на Албанскиот театар во Скопје, а завршиле подготовките за почеток на изградба на Театарот и Библиотеката на Тетово.

Во текот на овој период се преземени сите мерки за почеток на реализирање на втората фаза од проектот Плоштадот Скендербег (10.5 милиони евра), овој проект како и многу други се реализира со средства од централниот буџет. Истовремено сме продолжиле и со поддршка на културните албански манифестации и настани.

Многубројни проекти има и во ресорот на Животната средина и просторното планирање. Овој ресор во фокус ги имал проектите од водовод и канализација при што продолжиле работите во изградба на водоводниот систем во Општина Липково и во Општина Тетово, што на крај и во овие две општини населени со Албанци, граѓаните ќе имаат вода за пиење. Освен овие две проекти продолжиле или започнале со реализирање и многубројни проекти, како:

- Станицата за чистење на отпадните води во Кичево (ИПА ФОНДОВИ, почеток на постапките)

- Изградба на станицата за чистење на отпадните води во Општина Сарај

- Продолжување на третата фаза од проектот за водоводот во Општина Липково

- Изградба на филтер - станицата за снабдување со вода за пиење во градот Гостивар, во тек е монтирање на опремите за снабдување

- Продолжување на работите за изградба на Каналот во Арачиново.

- Изготвување на проектната документација за подобрување на инфраструктурата во собирање и третирање на отпадните води во Тетово, Гостивар и Дебар

Потпишан е договорот за распределба на средствата со Општина Врапчиште за фекалната канализација во населба Добрибол

Исто така, развојот на земјоделството не е занемарено. Со цел создавање на условите за земјоделците, завршил основниот проект на хидросистемот на Полошкото поле, Равен – Речица, 18 милиони евра, 2013-2019 година.

Почитувани,

Ова е само почеток. Овие се само неколку од проектите кои се во платформата на ДУИ, односно во Заедничката програмата на Владата. Сето тоа што сме го напишале и ветиле во Нашата изборна платформа е остварливо и до крај на нашиот мандат ќе ја оправдаме дадената доверба.

Ви благодарам за вниманието!

 

 

 


29.Sep.2014