ДУИ го поздрави изборот на Џафери и бара мерки за потфрлањето на полицијата

Демократската Унија за Интеграција го поздравува изборот на г. Талат Џафери за  Претседател на Собранието на РМ како прв и неопходен чекор за ставање во функција на легислативниот дом во земјата но и за формирањето на новата реформска влада на Република Македонија.

ДУИ силно го осудува вчерашното вандалско насилството врз избраните пратеници од страна на толпата  и поставува прашање за улогата на институциите во одржувањето на редот и мирот и оттука бара преземање на соодветни мерки против оние кои потфрлија во спроведување на нивните надлежности вклучувајќи ги и официјалните лица во  командниот синџир на МВР кои одбиваа наредби од Министерот за Внатрешни Работи.

Бараме сите страни вклучувајќи го и ВМРО-ДПМНЕ да придонесат во надминување на оваа состојба и силно и недвосмислено да ги осудат актите на насилство и крвопролевање во собранието на РМ.

Ги повикуваме граѓаните посебно Албанците и електоратот на ДУИ да останат воздржани и да ја зачуваат ладнокрвноста и да не потпаднат на  провокација од овие вандалски настани.

Исто така изразуваме разочарување и гнев за делувањето на одредени пратеници кои под стилот провоцирај, потпали и бегај , вчерашните настани ги отежнаа уште повеќе.

Претседателството на ДУИ се солидаризира со сите настрадани пратеници и посебно посакува г. Зијадин Села што побрзо да се врати во политичкиот и парламентарниот живот во земјата.


28.Apr.2017