Ахмети средба со италијанскиот амбасадор, Карло Ромео

Новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција го пречека Италијанскиот Амбасадор во Македонија, г.Карло Ромео.

Ахмети и Амбасадорот Ромео разговараа за формирањето на новата Влада и за настаните на 27 април во Собранието како и за локалните избори.

Г.Ахмети се заблагодари на Италија за дадената поддршка и го информираше Амбасадорот Ромео за ставовите на ДУИ околу горенаведените теми.

Ахмети нагласи дека ДУИ го почитува уставниот поредок како и унитарниот карактер на земјата, додека новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа.

Г.Ахмети нагласи дека нема никакви пречки за одложување и дека приоритет на новата влада се реформите во судството, евро-атланската интеграција, Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и економскиот развој и отворањето на нови работни места.

Во врска со локалните избори г.Ахмети рече дека ДУИ ги поддржува измените на изборниот законик за да се овозможи нормално функционирање се до одржување на изборите и изборот на новата администрација.


13.May.2017