Ахмети се сретна со Амбасадорот на САД, Џес Бејли

ДУИ е посветена на реформите во земјата, почнувајќи силно од реформирањето на судството и владеењето на правото
Претседателот на Демократсата Унија за Интеграција денес во Амбасадата на САД во Скопје се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли, г.Џес Бејли.

Лидерот Ахмети и Амбасадорот Бејли разговараа околу формирањето на новата реформска Влада и за политичката ситуација во земјата и во регионот.

Г.Ахмети истакна дека ДУИ е посветена на реформите во земјата, почнувајќи силно од реформирањето на судството и владеењето на правото.

Преку спроведување на реформите, Македонија ќе помогне во враќањето на меѓународниот фокус и што поскоро интегрирање на земјата во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Други приоритети на новата Влада остануваат и добрите меѓуетнички односи и Охридскиот Договор заедно со подобрувањето на животниот стандард, економскиот развој и отварање на нови работни места. 

Ахмети изрази уверување дека идната недела, Македонија ќе има нова реформска влада.


26.May.2017