15 години ДУИ: Продолжуваме Заедно

15 години сте со нас, 15 години сме заедно. Ние почитувани пријатели, само што почнавме.
Почитувани оснивачи, сопартијци, истомисленици, соработници, членови, симпатизери, поддржувачи, активисти, граѓани

Пред 15 години, заедно воспоставивме национална вредност сега веќе докажана на дело, наследничка на Ослободителната Национална Армија, Демократската Унија за Интеграција.

15 години заедно триумфиравме во постојани битки и во служба на граѓаните, почнувајќи од парламентарните избори во 2002 година, референдумот за територијална поделба во 2004 година, локалните избори во 2005 година, парламентарните избори во 2006, предвремените парламентарни избори во 2008 година, локални и претседателски избори во 2009 година, предвремените парламентарни избори во 2011 година, повторно предвремените избори во 2014 година до последните избори во декември 2016 година.

Во овие 15 години, од оснивачкото собрание, организиравме четири Конгреси, од кои првиот на 19 ноември 2005 година, вториот на 19 декември 2009 година, додека третиот Конгрес на годишнината на партијата на 5 јуни 2014 година, при што воспоставивме нов стандард не само за ДУИ, туку и за сите партии во земјата и регионот, преку организирање на дводневен тематски Конгрес во март 2015 година.

Во овие 15 години почитувани членови и граѓани, заедно имаме направено многу, почнувајќи од: Уставните измени во согласност со Охридскиот Договор, територијалната поделба, албанските национални симболи, унапредување на употребата на албанскиот јазик, правичната застапеност во државните институции, заокружувањето на инфраструктурата во високото образование со легализација на ДУТ, отворање на нови факултети, студентски домови, нови спортски сали, оснивањето на албанскиот државен универзитет во Скопје, изградба на повеќе училишта, детски градинки, спортски сали, изградба на слободни економски зони во Струга, Кичево, Тетово, Скопје, Липково, добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ, либерализација на визниот режим со земјите на ЕУ, отворањето на претпристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ, проектот за гасификација за Скопје, Тетово и Гостивар, изградба на нови патишта и автопатот Кичево-Струга, енергетската врска со Албанија, граничниот премин со Косово и Албанија без пасош, демаркација на граничната линија со Косово, признавање на независноста на Косово, плоштадот Скендербег, плоштадот Илириа, плоштадот на знамето, Скендербег, Хасан Приштина, Иса Болетини, Јосиф Багери, Неџат Аголи, Пјетр Богдани во Скопје, одбележувањето на 100-годишнината од албанската азбука, раѓањето на Мајка Тереза како и 100-годишнината од знамето, албанскиот театар во Скопје, библиотеката и театарот во Тетово, Музејот на албанската азбука во Битола и Музејот на слободата, Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас, водоснабдувачки систем во албанските населени места, ургентни центри во Тетово и болнички центар, субвенции за земјоделците, образовни стипендии и безброј други проекти.

Секој предизвик, секое соочување, секое достигнување, секој успех е заеднички, и токму овој 15-годишен јубилеј го отсликува клучниот факт кој ја изедначува ДУИ со народот, ДУИ која не го разочарува народот и ДУИ која целосно дејствува во согласност со очекувањата на народот.

Но, оваа 15 годишнина, исто така не наоѓа и пред многу сериозни и одлучувачки предизвици за албанците, за земјата, за регионот. Во околности на големи судири на геополитички и геостратешки интереси, идеолошки судири, Демократската Унија за Интеграција и понатаму останува цврста посветена во својата ориентација, за интегрирање на Македонија и регионот во НАТО и Европската Унија, во искрено пријателство и партнерство со Вашингтон и Брисел.

Истовремено, сите ние при Демократската Унија за Интеграција сме повеќе од посветени за да градиме правна држава, држава на правдата, општество во кое ќе владее законот, еднаков за сите. Нашата посветеност на овој јубилеј ќе донесе и нормативно заокружување на Охридскиот Договор преку јазичната еднаквост, но и храбар чекор кон вратите на НАТО и ЕУ како и целосен фокус во зголемување на животниот стандард, економскиот развој и отворање на нови работни места.

Поминаа 15 години од кога Демократската Унија за Интеграција постави нови стандарди во политиката промовирајќи ги вредностите на толеранцијата, солидарноста, помирувањето, консензуалноста, единството, одговорноста, донесувањето на храбри одлуки и евро-американски дух.

Поминаа 15 од кога Демократската Унија за Интеграција е на браникот на отпорот со отсранување на стравот инсталиран со децении, вложувајќи постојани напори, албанците да не се делат и да станат уште поважни, водејќи борба против омразата и нееднаквоста како и други национални вредности.

И токму оваа 15-годишнина е вистинскиот момент за изразување на најдлабока благодарност до сите гласачи, за секој поддржувач и граѓанин кој низ овие години бил до нас, ја вложил својата доверба во жените и мажите на Демократската Унија за Интеграција за водење на сите процеси во текот на овие години.

15 години сте со нас, 15 години сме заедно. Ние почитувани пријатели, само што почнавме.

Почнавме заедно, продолжуваме заедно!


05.Jun.2017