ДУИ го демантира Алсат: Имотот купен од сопственикот на АлсатМ нема врска со дивоградби

Демократската Унија за Интеграција најостро ја осудува манипулацијата со јавноста  на телевизија Алсат за два дена по ред во врска со активностите на СЈО во Општина Чаир.

ТВ Алсат на тенденциозен и искривувачки начин го поврзува телефонскиот разговор на Претседателот Ахмети со неговите сопартијци за продажбата на имотот на ДУИ, кој беше купен токму од страна на сопственикот на ТВ Алсат, преку компанијата ВЕВЕ ГРОУП и потпишана од г.Ферик Велија, со наводите за дивоградби во Чаир.

Напорите за продажба на тој објект, имот на ДУИ купен од страна на сопственикот на ТВ Алсат, немаат никаква врска со било каква дивоградба ниту со активностите на СЈО, затоа овие континуирани прилози на ТВ Алсат се интепретираат како намерни обиди за искривуваање на фактите и за да и наштети на ДУИ.


06.Jun.2017