Ахмети средба со Метју Палмер, Директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт департментот

Членство на Македонија во НАТО е најпотребно и дека ДУИ ќе ги вложи сите напори за да се постигне оваа наша цел
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција денес во Амбасадата на САД во Скопје оствари средба со Директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт департментот г.Метју Палмер како и Американскиот Амбасадор во Македонија, г.Џес Бејли.

Претседателот Ахмети и гостинот од Вашингтон разговараа околу актуелната ситуација во земјата и регионот, предизвиците на новата реформска влада како и за процесот на интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ.

Г.Ахмети го запозна г.Палмер за приоритетите на ДУИ во новата влада кои вклучуваат спроведување на реформите во областа на владеењето на правото, целосно спроведување на Охридскиот Договор, непосредна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија, заедно со економскиот развој, подигање на животниот стандард и отворање на нови работни места.

Лидерот Ахмети истакна дека што поскоро остварување на полноправно членство на Македонија во НАТО е најпотребно и дека ДУИ ќе ги вложи сите напори за да се постигне оваа наша цел. Секое одлагање во овој пат остава простор за проширување на странски идеологии, геополитички и геостратешки судир.

Ахмети ја посочи неговата целосна посветеност овие цели да се реализираат и ги повика САД и меѓународната заедница да ни помогнат во надминување на пречките кон реализација на овие цели.


14.Jun.2017