Груби се сретна со албанскиот амбасадор Река

Очекувам дека на крајот на оваа година официјален Брисел ќе ја врати безусловената препорака за Македонија, изјави во Собранието на Република Македонија, Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, на средба со Амбасадорот на Албанија во Скопје, Фатос Река.

Груби и Река разговараа за политичката ситуација во земјата и во регионот, системските реформи, како и Евро-атланската интеграција на Македонија.

Груби му честиташе на Река за доброто спроведување на парламентарните избори во Албанија и изрази уверување дека, од овој момент, Тирана веќе може да очекува добивање на датум за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ). 

Амбасадорот Река ја нагласи целосната поддршка за интегративните аспирации на Македонија и како сосед, членка на НАТО, ќе го поддржи патот на Скопје кон Брисел. 

Пратеникот Груби, исто така, зборуваше и за активностите во Собранието, како и околу обврските на Комисијата за европски прашања во насока на итно решавање на реформите. 

Во овој поглед, Груби изрази задоволство дека Комисијата едногласно и со целосна согласност го усвои Заклучокот, Собранието да донесе Декларација за забрзување на реформските и интегративните процеси за членство на Македонија во Европската Унија, што претставува столб и почетна точка на реформите. 

Груби и Амбасадорот Река разговараа и околу меѓусоседските односи и за целосно спроведување на Охридскиот договор во согласност со Уставот на земјата во однос на јазична еднаквост.


04.Jul.2017