Груби до Јанакакис: Албанците да се вклучат во решавање на спорот за името

Пратеникот Артан Груби, Претседател на Комисијата за Европски прашања, денес во Собранието на Република Македонија се сретна со Амбасадорот на Грција во Скопје, г.Димитрис Јанакакис.

Пратеникот Груби и Амбасадорот Јанакакис разговараа и разменија мислења за актуелната политичка состојба во земјата и во регионот, преговорите Скопје-Атина околу спорот за името, добрососедските односи, реформскиот план, како и за Евро-атланската интеграција.

Пратеникот Груби пред Амбасадорот Јанакакис истакна дека албанските партнери на владејачката коалиција треба да се вклучат во процесот на решавање на спорот за името, бидејќи тоа го очекуваат граѓаните, тоа е ветено во нивните изборни програми и  тоа е нешто на кое се согласија сите албански партии од Заедничката Изјава.

Г.Груби исто така, истакна дека во рамки на процесот за спроведување на мерките за градење доверба помеѓу Скопје и Атина треба да се интензивираат и да продолжат заеднички со директните преговори помеѓу нашите земји до постигнување на крајната цел, а тое е решавање на спорот за името.

Интеграцијата во НАТО и членството во Европската Унија се нашите апсолутни приоритети.

Пратеникот Груби и Амбасадорот Јанакакис дискутираа и за политичката сцена во земјата, јазичната еднаквост и системските реформи, исто така и за економската соработка.


07.Jul.2017