Груби – Алтхаузер: Германија да помогне во решавањето на спорот со името

Денес во Собранието на Република Македонија, Пратеникот Артан Груби, Претседател на Комисијата за Европски Прашања, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Скопје, г-ѓа Кристине Алтхаузер.

Г.Груби и Германската амбасадорка разговараа околу состојбата и политичката сцена во земјата, спорот за името, јазичната еднаквост, системските реформи и интеграцијата во НАТО и ЕУ.

Пратеникот Груби и се заблагодари на германската амбасадорка за големата поддршка на Берлин и нејзината лична поддршка за оформување и создавање на една демократска Македонија која ќе биде целосно интегрирана во НАТО и ЕУ. Беше укажано за улогата што ја имаше Германската Амбасадорка Алтхаузер за време на политичката криза која беше многу конструктивна и во исто време пријателски натроена кон земјата и граѓаните.

Груби зборуваше и за различните идеи за решавање на прашањето за името и побара помош од Берлин за надминување на овој предизвик, со што, изрази уверување за решавање на споровите во Скопје преку системските реформи.

Груби исто така, рече дека постигнувањето на еден компромис за добивање на покана за членство во НАТО го отвара патот на одржлива стабилност во земјата и регионот.

Соговорниците разговараа и околу јазичната еднаквост во согласност со Охридскиот Договор.


10.Jul.2017