Средба на Груби со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Денес во Собранието на Република Македонија, Пратеникот Артан Груби, Претседател на Комисијата за Европски Прашања, се сретна со Амбасадорот на Унгарија во Македонија, г.Ласло Дукс.

Г.Груби и унгарскиот амбасадор разговараа за состојбата во Македонија и во регионот, интегративниот процес во НАТО и ЕУ, спорот за името, јазичната еднаквост и системските реформи.

Амбасадорот Дукс ја нагласи силната поддршка на Унгарија за интегрирање во НАТО и ЕУ.

Пратеникот Груби го запозна Амбасадорот Дукс дека Комисијата, со поддршка на сите 26 членки и заменици, едногласно ја усвои Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните  процеси во НАТО и ЕУ.

Оваа Декларација е обврска од Пржинскиот договор и целосната поддршка од страна на сите пратеници е големо постигнување и посветување кон реформите.

Г.Груби нагласи дека овој процес ќе го води на транспарентен, сеопфатен начин, во партнерство со меѓународната заедница и цивилното општество.

Пратеникот Груби и Амбасадорот  Дукс исто така, разговараа и за јазичната еднаквост, додека г.Груби ги нагласи очекувањата дека Законот за јазикот да се усвои во Собранието што поскоро.


17.Jul.2017