Груби со словачкиот амбасадор: Да се отстрани условувањето од препораката

Претседателот на собраниската комисија за европски прашања, пратеникот Артан Груби, денеска во Собранието на Република Македонија, оствари средба со амбасадорот на Словакија во Македонија, г. Мартин Безак. 
 
г. Груби и амбасадорот Безак разговараа околу новата создадена ситуација во земјата, членството на земјата во евроатланските структури, добрососедството, јазичната еднаквост и реформите.
 
Амбасадорот Безак ги подржува евроатланските аспирации на Македонија и изрази заинтересираност за да го помогне нашиот пат кон ЕУ и НАТО.
 
Пратеникот Груби го извести амбасадорот Безак околу едногласното донесување на Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ, како основ за системските реформи.
 
г. Груби ги покани словачките власти да помогнат во отстранување на условувањето на препораката за почеток на преговорите и да го помогнат нашиот пат кон НАТО. 
 
Груби и Безак, исто така, дискутираа и за начинот на меѓусебниот придонес и словачката поддршка за реформите, како и за Законот за јазикот. 


18.Jul.2017