ДУИ од Кичево и Ахмети одлучија: Фатмир Дехари единствен кандидат за Кичево

Носител на листата за општинскиот совет да биде г. Аќиф Медиу, шеф на изборниот општински штаб, г. Адем Карага, додека портпарол на кампањата, г. Фатмир Лимани
На денешниот состанок на Кичевскиот огранок на Демократската Унија за Интеграција, со поддршка на сите 35 локални совети и другите локални партиски форуми, со присуство на претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, се разговараше за локалните избори на 15ти октомври.

По конструктивните и продуктивни дискусии, во победнички и обединувачки дух, едногласно се одлучи дека сите партиски и општествени структури во Општина Кичево заеднички ќе ја поддржат кандидатурата на актуелниот градоначалник, Фатмир Дехари.

Во исто време, се одлучи носител на листата за општинскиот совет да биде г. Аќиф Медиу, шеф на изборниот општински штаб, г. Адем Карага, додека портпарол на кампањата, г. Фатмир Лимани.

Исто така, оценувајќи ја досегашната работа на локалната власт во Кичево, се апелираше до сите субјекти и други заедници во Кичево, заедно со кичевската дијаспора, да ја поддржат кандидатурата на г. Дехари кон следната победа. 

Заедно продолжуваме.


23.Aug.2017