Груби: Законот за јазиците во I читање помина во КЕП

Комисијата за европски прашања (КЕП) на Собранието на Република Македонија, со која претседаваше претседателот на Комисијата, Г. Артан Груби   денес  (7 септември  2017г.)  го заврши општиот претрес   по Законот за употреба на јазиците, во прво читање, по што Комисијата со 9 гласа  „ЗА„, и ниту еден глас „ПРОТИВ„ и „ВОЗДРЖАН„ го усвои  заклучокот  дека законот е прифатлив, и од аспект на неговата усогласеност со правото на ЕУ,  и треба да се даде на натамошно читање. 

Претседателот на Комисијата  г. Артан Груби,  во своето воведно  обраќање го истакна значењето на донесувањето  на Законот за употребата на јазиците, со што се заокружува  нормативниот дел, кој што произлегува од  Охридскиот Рамковен Договор и  од  Амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, при што  им се заблагодари  на  пратениците  од сите политички партии, кои  учествуваа во  расправата за  нивната конструктивност и придонес  во расправата.

 Комисијата, како  матично работно тело по законот, кој е со знамето на Европската унија,  и е дел од Националната програма за усогласување на правото со ЕУ за 2017-2020 година,  ја започна расправата по законот во  вторникот, која продолжи во средата и заврши денес, согласно деловничките одредби на Собранието на Република Македонија, кои предвидуваат  општиот претсрес  по законот во  прво читање да заврши  најмногу во  рамките на  три работни дена.

Во текот на тридневната расправа во Комисијата, учествуваа пратениците:Антонио Милошоски, Џеват Адеми,  Илија Димовски,  Стево Пендаровски, Мирсада  Емини, Весел Мемеди, Реџаил Исмаили, Владанка Авировиќ, Петре Шилегов, Невенка Стаменковска,  Нола Исмајлоска,  Жаклина Пешевска,  Трајчо Димков, Зекир Рачмиловиќ, Шпреса Хадри, Димитар Стевананџија,Фадил Зендели, Томислав Тунтев. 


07.Sep.2017