Ахмети средба со Британскиот Амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет

ДУИ особено е посветена за судските реформи и реформите на безбедносниот систем
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г.Али Ахмети денес во седиштето на ДУИ во Тетово се сретна со Британскиот Амбасадор во Македонија г.Чарлс Гарет.

Г.Ахмети и Амбасадорот Гарет разговараа околу политичката ситуација, систематските реформи и Евроатлантските интеграции.

Претседателот Ахмети ги повтори приоритетните определби на ДУИ во ова парламентарно мнозинство, каде спаѓаат системските реформи, особено владеењето на правото, добрососедство, интеграцијата во НАТО и отворање на разговорите за членство во Европската Унија.

ДУИ особено е посветена за судските реформи и реформите на безбедносниот систем, со што се истакна дека по локалните избори, сите наши енергии ќе се фокусираат на исполнувањето на обврските пред нас.

Г.Ахмети и амбасадорот Гарет исто така, разговараа и за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, додека Ахмети се изрази поттикнат од унапредувањето на дијалогот со Атина и Софија што претставува предуслов за деблокирање на интегративниот процес на нашата земја.


14.Nov.2017