Ахмети ја започна дебатата за геноцидните злосторства против албанците

Погребот на посмртните останки на жртвите на геноцидот врз албанците ќе се одржи во Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас кај Кичево со почеток во 13.00 часот
Утре, сабота на 18ти ноември во Зајас, Кичево, ќе бидат погребани посмртните останки на албанските жртви од масакрите од 1913 година па се до втората светска војна кои беа пронајдени во некои масовни гробници.

По барање на Организацискиот Совет за откривање на злосторствата врз албанците во минатиот век, г.Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства  врз албанците, ќе држи говор пред присутните.

Погребот на посмртните останки на жртвите на геноцидот врз албанците ќе се одржи во Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас кај Кичево со почеток во 13.00 часот.

Пред извесно време,  во Зајас и во други места во Кичево беа откриени масовни гробници на жртвите од масакрите врз албанците од 1913 година па се до втората светска војна. 


17.Nov.2017