Ахмети средба со Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис

Соработка меѓу општините предводени од Демократската Унија за Интеграција со Солун
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г.Али Ахмети сношти на средба го печека Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

Претседателот Ахмети и г.Бутарис многу отворено и пријателски разговараа за прашања од заеднички интерес, културни размени, образование, за прекугранична соработка на општините но и за спорот со името како и Евро-аталантските интеграции.

Лидерот Ахмети ги поддржа сите идеи за соработка меѓу општините предводени од Демократската Унија за Интеграција со Солун и ја поздрави подготвеноста на г.Бутарис за продлабочување на комуникацијата помеѓу нашите градови.

Г.Ахмети и г.Бутарис исто така, разговараа и за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, каде што се согласија дека треба да се постигне компромис за спорот за името што е можно поскоро притоа почитувајќи ги карактеристиките на партиите и размислувајќи за заедничката иднина кон Евро-атланското семејство.


17.Nov.2017