Ахмети во Американската амбасада се сретна со Палмер и Бејли

Членството во НАТО е апсолутен приоритет и ДУИ прави сé за постигнување на оваа цел на земјата
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција денес во амбасадата на САД во Скопје оствари работна средба со директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа на Стејт департментот, Метју Палмер, како и американскиот амбасадор, Џес Бејли.

Г.Ахмети и г.Палмер разговараа околу политичките случувања во земјата и во регионот, системските реформи, владеењето на правото, односите со соседите како и интеграцијата во НАТО и во Европската Унија.

Г.Ахмети ги запозна г.Палмер и Амбасадорот Бејли за фокусот на ДУИ во системските реформи, владеењето на правото, заокружувањето на Охридскиот Договор, како и непосредна интеграција во НАТО и започнувањето на преговорите за членство во Евопската Унија.

Ахмети повтори дека членството во НАТО е апсолутен приоритет и ДУИ прави сé за постигнување на оваа цел на земјата.

Членството во НАТО ги заокружува сите стратешки дилеми на Македонија, влијае во меѓуетничките односи, но и на стабилноста во регионот, затоа работиме напорно во овој правец.

Соговорниците разговараа и околу јазичната еднаквост и ситуацијата во регионот.


11.Dec.2017