Груби: Македонија да стане стон, а не несоница

Денес претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби, учествуваше  на Конференција на тема: "Патот на Република Македонија - нов почеток, враќање на патот кон ЕУ и пример за градење добри односи во регионот", во организација на Прогрес Институт за социјална домократија. 

Конференцијата беше концепирана во три панел дискусии со 10 воведничари.

Воведно обраќање во рамките  на првиот панел посветен на реформите и политиките за градење на доверба во Македонија имаа г.Груби заедно со Претседателот на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев и г.Сашо Ордановски, политички аналитичар.

Во прилог на ова Соопштение е воведното обраќање на претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г.Артан Груби.

Почитувани организатори, почитувани гости, Премиере, дами и господа 

11 Декември 2016 година претставува огромна и многу корисна политичка, но и животна лекција за сите нас, за политичките партии, медиумите, невладините, граѓаните, и воопшто за целото наше општество. 

11 Декември на некого му покажа црвен картон, на втори им покажа жолт картон, на трети предупредување, на четврти шанса за нов почеток, на петти им додели детелина со четири листа, и така натаму. Но тоа сепак е перспектива од гледна точка на политичките чинители. 

Но, над се, и најбитно, 11 Декември и додели втора шанса на Македонија и треба да ја искористиме на секој можен начин. Ние, заедно, треба да и помогнеме на нашата држава. 

Сепак, дозволете ми да направам кратка но суштествена ретроспектива од мој агол за да полесно ги разбереме пораките од 11 Декември. 

Во Април 2014 година, добивме максимална поддршка од граѓани преведена од 20 пратеници, но на истиот ден тогашната опозиција, а денес власт, не ги призна изборите и објави враќање на мандатите. 

Веднаш по изборот на тогашната влада, дојде контестираната пресуда за случајот Монструм, што поттикна огромни насилни протести насочени кон нас. И тие што протестираа беа осудени. Потоа, слични ситуации имавме со протестите во Ѓорче Петров каде се дивееше по имотот и животот на лица, но таму ниту еден не беше приведен. 

Се продолжи со процес на спорни уставни измени, гранатирана Влада, експлодирани бомби пред полициски станици во Тетово, Куманово, пред седиштето на ДУИ, постојани закани, за да се дојде до Февруари и појавата на Бошко Буха кој што седи до мене денес како Премиер, а кого вчера го потценуваа. 

Бомбите фрчеа, кризата се продлабочуваше, ние имавме партиски конгрес, па потоа се случи Гошинце, па почнаа преговорите за бомбашката криза за ослободување на заробената држава, па се случи трагичниот настан во Диво Насеље, се дојде потоа макотрпно до Пржинскиот Договор, па до Анексот, и во Август 2015 година почнаа разговорите за имплементирање на договореното, избор на СЈО на 15 Септември, па Државна Изборна Комисија, па распуштање и враќање на распуштеното Собрание, па одлагање на изборите во Април, па скандалозната Аболиција, па шарената револуција, оставка на 12 министри на ДУИ во еден ден и нивна замена, па повторно одлагање на изборите од Јуни и враќање на втор пат распуштено Собрание со одлука на Уставен Суд, па препродавање на прислушкувани материјали на црн пазар и уценувања, објавувања на приватни разговори на социјални мрежи, па отпочнување на нови преговори се до проценката дека се исполнети условите за оддржување на избори, прочистување на избирачкиот список, ад хок медиумско тело, и се до избори на 11 Декември 2016 година. 

Ја направив накратко и таксативно оваа ретроспектива, прво, за да не се заборави суреалното низ кое поминавме заедно и второ, да се помогне во извлекувањето на заклучоци зошто некој доби црвен, жолт картон, или пак нова шанса на 11 Декември.
Од денешна гледна точка, може со комодитет да коментираме околу тоа кој, како и на кој начин ги прочитал пораките на граѓанинот на 11 Декември. 

Како да не беше сето ова доволно за нашата ранлива демократија, сагата продолжи и  по 11 Декември, со бескрајната конституивна седница на Собранието, со незаконски доделениот мандат, со преговори под наводници кои беа се само не преговори, со враќање на мандат по одлуката на ДУИ да не прави коалиција со ВМРО, со месец дена амортизација за да се разбере и прифати новата реалност и одлуката на ДУИ, па со пристапување кон промената, кон имплементација на вољата на народот, се до денот кога по излиена крв, вдишен солзавец, преживеано насилство, над Македонија се роди новото сонце на промената, на еднаквоста, на иднината. 

Но, знам и дека од денешна гледна точка, ако сите ние застанеме за момент, и го анализираме сето ова низ што поминавме и го споредиме со нашата нетрпеливост, сигурен сум дека ќе имаме многу поголемо разбирање и ќе имаме поголемо разбирање за своевремените коментари со огромна леснотија за наводно одолговлекување кои всушност беше само едномесечна транзиција за амортизација на реакции.

Дозволете ми да ви кажам, тука, пред вас, дека заедно со Претседателот Ахмети, заминавме за Тирана 2-3 дена по изборите на 11 Декември. Долго разговаравме по пат како и за време на престојот. И двајцата бевме на едно исто мнение и од една единствена опција за патот што предстои пред нас, патот на реформите, патот на евроатлантска и еднаква Македонија. 

И би, Република Македонија доби нова реформска влада која мора да воспостави демократски институции што ќе гарантираат владеење на правото и на кои ќе им веруваат граѓаните. Македонија мора да биде УСПЕШНА ПРИКАЗНА.
За да биде успешна приказна, на Македонија и се потребни целосно независни но и општествени одговорни медиуми, активни невладини организации и, вклучено општество, будна и ангажирана академска заедница, активни контролни механизми, судии и обвинители кои што не ги насочува ветерот туку словото на правото и правдата. 

Наша задача е да се залагаме за  да ги овозможиме условите за сето тоа да функционира независно од наша контрола како политичари. 

Наша задача е и да се бориме против корупцијата и организираниот криминал затоа што корумпиран лидер, политичар, претставува безбедносен ризик за геостратешките определби на општеството. 

Тоа ни се домашните задачи за кои што ќе треба да полагаме не само пред нашите граѓани, туку и пред нашите пријатели од меѓународната заедница. 

Истовремено, посветено, храбро, патриотиски и со исклучителна динамика се посветуваме на остранување и на другите пречки на нашиот пат кон Брисел преку градење на добрососедски односи и мерки за доверба и надминување на споровите и недоразбирањата, но не заборавајќи го и финализирањето на нормативниот дел од Охридскиот Рамковен Договор. 

Не случајно ги спомнувам токму овие исклучително важни процеси за Република Македонија. Бидејќи, тоа е Македонија исправена кон иднината, тоа е денешната Македонија која сите треба да ја видиме. Македонија демократски институции, одлични добрососедски односи и Македонија растеретена од меѓуетнички проблеми.

Затоа одговорно тврдам дека 2018 е година на Република Македонија, на еднаква и ЕвроАтлантска Македонија. 

Со Премиерот Заев, пред неполни 10 дена се вративме од Брисел. Секој со различни состаноци, но со заедничка и единствена Агенда, ја градиме заеднички, европската иднина на Македонија. Во Брисел, како никогаш до сега се зборува за нас, постои една нова приказна која се прераскажува за Македонија и позитивните пораки и динамика во реформите кои ние ќе ги испорачуваме можат да бидат аргументи за зајакнување на поддршката од граѓаните во ЕУ за унапредување на процесот на пристапување. 

Македонија мора да се приклучи кон блокот на земји кои ќе влезат во Стратегијата за проширување до 2025 година. За реализација на оваа цел мора да изградиме национална агенда и јасно да ја утврдиме  подготвеноста на државата во исполнувањето на критериумите за членство како и  да бараме недвосмислена поддршка од Европската Комисијата во исполнувањето на оваа агенда.

Европската унија од многу причини ни е потребна, Затоа што границите се бесмислица, и токму кај нас се покажа како се злоупотребуваат. Кревањето ѕидови кон светот за да се скриеме од проникливиот поглед, за анархија и газење на се човечко од страна на привилегираните. За некое време ќе се смееме на процентите и бројките, кој јазик колку се користи, како кому поголемо парче торта му исекле. Луѓето сакаат сите јазици да ги зборуваат и секој меѓу себе да се разбере. 

Отворени врати, отоврен ум, рамена на креативни енергиии слобода на избор. Афирмација на луѓе со она што се, а не според тоа на кому му припаѓаат.Има доволно рамнини и планини за градење нови градови и место за сите. Кога Земјата од космос се гледа, едно е. Слика без рамка. Бришење на се што ограничува. Во ЕУ граничните премини стојат како споменици на минато време. Ете, така треба да сакаме, каде сакаме, кого сакаме и кога сакаме. 

Треба многу работа, сите треба да бидеме неуморни при исполнување на една ваква држава. Ние како парламентарно мнозинство, новата реформска Влада имаме недвосмислена решителност при исполнување и испорачување на овие резултати. Очекувам и опозицијата да продолжи да дејствува во Собранието, да ги поддржи и да стане дел од реформските решенија со што ќе се испорачаат видливи резултати до Брисел со цел добивање чиста препорака и датум за почеток на преговорите со Европската Унија.

Ни треба обединета Македонија, ни требаат авторитети кои ќе соберат, обединат, мобилизираат, хумани и благородни. Ни треба сон, наместо несоница и луѓе кои имаат сон, наместо оние што гледаат на другиот да му го уништат. Ни треба потег и чекор кој за промена нема да биде во празно и назад. Нема друг избор, тоа е Македонија исправена кон иднината.

Почитувани, демократијата не трпи импровизација. 

Не можеме и не смееме да ја изиграме демократијата, не можеме и не смееме да глумиме процес. 

Нема демократија ако се контролира судството, ако се контролира граѓанскиот сектор, академската заедница, медиумите, контролните тела, ако државните асети се користат во прилог на партиска програма, ако вработувањата се прават по партиски клуч. 

Француската литература тоа го дефинира како демократура, а кај нас се римува со диктатура, а тоа не смее да се дозволи!


19.Dec.2017