Груби: Нула проблеми со соседите

Претседателот на Комисијата за европски прашања, пратеникот Артан Груби, денеска на седницата на Комисијата за надворешна политика изрази целосна поддршка за ратификацијата на Договорот за добрососедство со Република Бугарија. 

Следува говорот на г. Груби одржан денеска во Собранието

Парламентарното мнозинство и реформската влада е посветена кон етничката, економската, граѓанската еднаквост, кон добрите односи помеѓу заедниците, особено двете мнозински заедници, Албанците и Македонците, добрососедтството и спроведувањето на политиката нула проблеми со соседите, интеграција, без ниту една друга алтернатива, во НАТО и ЕУ. 

Од реализација на овие политики со посветеност, нашата држава само станува посилна, постабилна, посигурна, покохезивна и со повеќе пријатели.

Со затворање на отворените прашања, унитарниот карактер на државата, територијалната целина, уставниот поредок на Македонија, целосниот суверенитет, безбедноста и стабилноста на Македонија стануваат неприкосновени и за ова, гаранција се Македонците, Албанците и сите граѓани на оваа држава, но и нашите пријатели во Софија, Атина, Приштина, Белград, Тирана, Вашингтон и Брисел.

Затоа, сите ние во ДУИ даваме целосна поддршка за затворање на отворените прашања и охрабруваме адресирање со иста смелост и посветеност во насока на решавање и на прашањето за името, бидејќи 2018 година бездруго треба да ù припаѓа на Македонија и на нашите евроатлански аспирации.


26.Dec.2017