Али Ахмети: 2018-та е клучна година, да ги засукаме ракавите

Нас ни преостанува да се соединиме и да ги решиме домашните задачи без никакви одлагања во конструктивен и пријателски дијалог со соседите
Почитувани граѓани,

По повод Нова година, имам посебна чест да ви честитам на сите вас и вашите ценети семејства со најискрени честитки за здравје, благосостојба и успех во 2018 година.

Годината пред нас е клучна година и многу значајна за нашата земја и за земјите од Југоисточна Европа.

2018-та година нека ни донесе исто така, афирмативни, надежни и конкретни стратегии на проширувањето од страна на Европската Комисија, позитивен извештај за напредокот со безусловна препорака и датум за почеток на преговорите, но  уште поважно, покана за членство во НАТО.

Нас ни преостанува да се соединиме и да ги решиме домашните задачи без никакви одлагања во конструктивен и пријателски дијалог со соседите, затоа, да си ги засукаме ракавите и да ги оствариме нашите определби.

Честитки и се најдобро!


31.Dec.2017