Ахмети ги започнува манифестациите за одбележување на Годината на Скендербег

Ќе се одбележи "Годината на Скендербег" по повод 550-годишнината од смртта на албанскиот национален херој Ѓерѓ Кастриот – Скендербег
Почитувани, 

Утре, среда, 17 јануари 2018, со почеток од 12:30 часот, во Плоштадот „Скендербег“ во Скопје, пред споменикот на Ѓерѓ Кастриоти – Скендербег, Претседателот Али Ахмети ги започнува манифестациите со кои ќе се одбележи "Годината на Скендербег" по повод 550-годишнината од смртта на албанскиот национален херој Ѓерѓ Кастриот – Скендербег.

По овој повод, покануваме претставници од институциите во законодавната, извршната, локалната власт, невладини организации, медиуми, интелектуалци и граѓани да се приклучат во почетната манифестација за одбележување на Годината на Скендербег.


16.Jan.2018