Ахмети средба со генералниот секретар на НАТО Столтенберг: Нашата слобода не е целосна без НАТО

Нашата слобода не е целосна без НАТО. Јас им оставам аманет на идните генерации да се благодарни и почитувачи на НАТО
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес во Скопје се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и неговите соработници од Северноатлантската алијанса.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг рече дека личната улога на г. Ахмети и на ДУИ е многу важна и му се заблагодари на г. Ахмети за дадениот придонес во сите процеси во земјата.

Г.Столтенберг истакна дека вратата на НАТО останува отворена и не охрабри да ги адресираме реформите и прашањето за името.

Г.Ахмети рече дека НАТО има одлучувачка улога во земјата и регионот и ја спаси Македонија од бездната, придонесувајќи кон мирот, безбедноста и стабилноста, но и реформмите и демократските институции.

Нашата слобода не е целосна без НАТО. Јас им оставам аманет на идните генерации да се благодарни и почитувачи на НАТО, нагласи Ахмети.

Ахмети исто така, рече дека ДУИ останува кредибилен партнер на НАТО, САД, ЕУ и рече дека нашите напори за влез во Северноатлантската алијанса нема да застанат бидејќи ова е нашата национална, стратешка, идеолошка волја.

Ахмети и Столтенберг исто така, разговараа и за геополитиката, улогата на Русија во Западен Балкан, реформите и за Охридскиот Рамковен Договор.


18.Jan.2018