Ахмети оствари средба со европратениците: Сега е времето за решение

Периодот што претстои пред нас е одлучувачки, не само за Македонија, туку и за регионот
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г.Али Ахмети оствари средба со Европратениците Виктор Боштинару, Тања Фајон, од групата на Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент како и Тонино Пицула, известувач во сенка за Македонија во Европскиот Парламент.

Г.Ахмети и  тројцата европратеници разговараа многу отворено и пријателски за прашања од заеднички интерес, Евроатланската интеграција, добрососедство и реформите.

Групата на Прогресивна Алијанса на Социјалистите и Демократите во Европскиот Парламент изрази целосна поддршка на агендата на парламентарното мнозинство и реформската влада ставајќи се во целосно располагање за да и помогне на Македонија и регионот.

Ахмети ја поздрави подгорвеноста на европратениците и рече дека периодот што претстои пред нас е одлучувачки, не само за Македонија, туку и за регионот.

Ахмети ги увери гостите дека храброста во нас нема да недостига и повтори дека решението побрзо се постигнува со ратификација на договорот за името во парламентот, додека евентуалниот референдум може да го комплицира процесот.

Компромис за решавање на спорот за името треба да се постигне сега почитувајќи ги карактеристиките на страните и размислувајќи за заедничката иднина во Евроатланското семејство.

Ахмети исто така, ги увери гостите дека спроведувањето на системските реформи во земјата нема да запре и изрази уверување дека опозицијата ќе учествува во овој процес за доброто на граѓаните.


02.Feb.2018