Ахмети се сретна со Францускиот Амбасадор Тимоние

Достоинствен и прифатлив компромис за двете страни е достапен
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција г.Али Ахмети денес оствари средба со Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

Г.Ахмети и Амбасадорот Тимоние разговараа за политичките актуелности, спорот за името, законот за употреба на јазиците како и Евроатланската интеграција и системските реформи.

Ахмети зборуваше за процесот посредуван од г.Нимиц за спорот со Грција и изрази целосна поддршка за интензивни преговори за конечно решавање на спорот.

Претседателот на ДУИ Ахмети истакна дека владината коалиција и парламентарното мнозинство се подготвени да им пристапат на последните пречки на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Ахмети ја покани и опозицијата да го поддржи овој процес станувајќи активен дел на успехот на граѓаните и нашата земја.

Достоинствен и прифатлив компромис за двете страни е достапен.

Ахмети исто така, зборуваше и за неопходноста од продолжување со реформскиот процес во земјата и ДУИ останува посветена за да продолжи со реформскиот процес.


02.Feb.2018