Груби на појадокот со Tрaмп и на средби со Конгресменот Бенкс и Даниел Сервер

Пратеникот Груби реализира работни средби со Конгресменот Џим Бенкс и поранешниот претставник на Стејт Департмент, влијателниот аналитичар и универзитетски професор Даниел Сервер, како и учествуваше на молитвениот појадок со Претседателот на САД и лидери од 140 земји на светот. 

На средбата со Конгресменот, Груби побара јавна поддршка и охрабрување од страна на Бенкс и неговите колеги за надминување на спорот со Грција и нашата интеграција во НАТО, на што Претставникот се заложи дека ке се приклучи на иницијативата која што Груби ја поттикна со колегите во Конгресот и Сенатот.

На средбата со г. Сервер, Груби размени мислења со соговорникот за повеке прашања, законот за јазиците, прашањето со името, НАТО, регионот како и стратегијата на ЕУ за Југоисточна Европа. Груби го покани Сервер да ја посети Македонија на што соговорникот одговори потврдно и се договорија начелно посетата да биде во месец Април годинава.

Исто така денес, Пратеникот на ДУИ Груби учествуваше на 66 по ред Национален Молитвен појадок заедно со Претседателот на САД,  Доналд Трумп и лидери, министри, пратеници од 140 земји.

Груби својата посета на САД ја продолжува во Њујорк каде што ке има работен ручек со медијаторот на ОН за спорот со името Метју Нимиц, по негова покана


10.Feb.2018